ha4k-b0y.tk
Main
Login
Registration
Wednesday, 04.24.2024, 10:27 AMWelcome Guest | RSS
Meni

Komentari :))

Kako vi izgleda sajtov?
Rate my site
Total of answers: 8

Statistika

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Login form

ОВЕН

Овен (21. III - 19. IV)


2010-та година


Љубов

Во текот на оваа година треба да се научите со леснотија да ја прифаќате промената. Многу често ќе се најдете растргнати помеѓу домот, работата, љубовта, па за жал ќе треба да правите компромиси. Ако постојано барате од партнерот сè да биде како што вие сакате, тогаш ризикувате тој да започне да се чувствува неудобно и дури и да посака да излезе од врската.

Интензитетот на вашиот љубовен живот ќе варира. Првата половина на годината ќе ви биде исполнета со страст, поради присуството на Марс во вашата 5-та куќа на романсата и плодноста. Страста особено ќе ја почувствувате во текот на пролетта и во почетокот на летото.

До април Сатурн ќе се движи ретроградно во вага, вашиот сектор на сериозните врски. Ќе треба да поработите на тоа да оставите некои љубовни искри во минатото – каде што припаѓаат. Ако не успеете да го направите тоа, кај некои овни ќе дојде и до привремена разделба.

Сатурн ќе се врати во вага на 22 јули и ќе остане таму сè до октомври 2012 година. Во овој период ќе забележите колку многу сте се изградиле како личност и ќе започнете да се однесувате поодговорно кога станува збор за вашата врска.

Пари

Кариерата ќе ви биде главна преокупација. Најверојатно ќе преосмислувате сè што имате започнато досега. Датите 15 јануари и 26 јули се многу важни за вас кога станува збор за кариерата, затоа што тогаш ќе донесете важни одлуки кои ќе ги променат вашите цели.

Пред да донесете некоја значајна одлука, многу е важно да се сообразите со вашето семејство или партнерот. Колку и да сакате да бидете независни, некои работи влијаат и врз животот на другите, па не бидете себични.

Ако се плашите дека вашиот партнер ве кочи на патот до успехот, време е да ги преиспитате тие ваши чувства. Вие никогаш не сте биле и никогаш нема да бидете жртва.

Во првата половина и во последните 3 месеци на 2010, Јупитер се наоѓа во риби, па потребно е да внимавате на кого му верувате. Некој колега може да има скриени намери или љубоморна личност може да ви се спротивставува.

Здравје

Вашата енергија ќе биде непостојана. Во првите месеци на 2010, присуството на Марс во лав ќе ви донесе многу креативна енергија. Присуството на Јупитер во вашата 12-та куќа ќе придонесе да се одмарате и да го поставите здравјето на прво место.

Од април до јули ќе започнете да обрнувате големо внимание на својот изглед. Најверојатно ќе станете редовен посетител на фитнес сала.

Особено е важно да го намалите стресот, правилно да ги распределувате обврските и да внимавате на начинот на исхрана.

БИК

Бик (20. IV - 20. V)


Вторник, 05 Јануари 2010

Денес ќе биде исклучително тешко да ги натерате другите да се согласат со вас, но вие сте решени да успеете. Заштитувајте ги вашите ставови, меѓутоа не дозволувајте тоа да ви ја истроши целата енергија.

Соберете храброст да пресечете и да донесете решение за одреден проблем, дури и ако тоа не им одговара на луѓето околу вас.


БЛИЗНАЦИ

Близнаци (21. V - 20. VI)

Вторник, 05 Јануари 2010

Денес може да ве снајде хаос на работа. Обидете се тоа да не ве засегне. Премногу сте осетливи и копнеете што побрзо да се вратите дома. Лесно ја апсорбирате негативната енергија од другите.

Обидете се бавно да преземете иницијатива и бидете мирољубиви во односите со луѓето.


РАК

Рак (21. VI - 22. VII)

Вторник, 05 Јануари 2010

Вашата фантазија ве води на најразлични места. Оставете ја да се развиори, затоа што ова може да биде почеток на некоја визија или формирање на генијална идеја.

Створете си навика да ги запишувате работите кои спонтано ви паѓаат на памет, за подоцна да можете да ги реализирате.


ЛАВ

Лав (23. VII - 22. VIII)

Вторник, 05 Јануари 2010

Денес размислувајте за вашата финансиска стабилност и предизвиците кои стојат на патот до нејзиното постигнување. Може да имате непредвидени трошоци или обврска за враќање на долг, а тоа ви создава проблеми при планирањето на вашиот буџет.

Обидете се да испланирате како ќе ги трошите вашите пари барем 3-4 недели однапред. Морате да престанете да живеете ден за ден.


ДЕВИЦА

Девица (23. VIII - 22. IX)

Вторник, 05 Јануари 2010

Најважната врска што можете да ја имате е онаа со самите себе, а денес ќе сфатите што значи тоа. Луѓето околу вас се однесуваат променливо и нерационално. Не дозволувајте нивните постапки да ве исфрлат од колосек.

Промените на расположението кај другите немаат никаква врска со вас.

ВАГА

Вага (23. IX - 22. X)

Вторник, 05 Јануари 2010

Ако имате потреба од лекување, немојте веднаш да ги отпишувате ни алтернативната медицина ни новите медицински иновации. Денес, веројатно е најдобро да употребите комбинација од двете.

Тешко ќе се движите напред ако тврдоглаво се противите на испробувањето на нови работи.


СКОРПИЈА

Шкорпија (23. X - 21. XI)

Вторник, 05 Јануари 2010

Не дозволувајте проблемите во вашиот личен живот да ги расипат односите со пријателите. Ако се осетите како тормозите некоја блиска личност со вашите љубовни маки, променете ја темата. Опсесиите можат да ве оддалечат од вашите пријатели.

Не бидете егоцентрични и разберете дека и другите луѓе имаат свои проблеми, кои честопати се поголеми од вашите.


СТРЕЛЕЦ

Стрелец (22. XI - 21. XII)

Вторник, 05 Јануари 2010

Одредени промени поврзани со вашиот дом или семејството можат да ве држат постојано деконцентрирани на работа. Обидете се да се консолидирате – проблемите ќе се решат кога ќе дојде вистинско време за тоа.

Од друга страна, ако чувствувате дека вашите чувства се поважни од работата, одделете си време да се справите со нив.

ЈАРЕЦ


Јарец (22. XII - 19. I)

Вторник, 05 Јануари 2010

Денес бидете повнимателни со искажувањето на вашите остри мислења. Можат да бидат разбрани на погрешен начин и да предизвикаат конфликт. Сарказмот може да направи да изгледате лоши во очите на другите, па затоа избегнувајте го.

Обидете се преку вашите забелешки да им помагате на луѓето, а не да правите да се чувствуваат повредени.

ВОДОЛИЈА


Водолија (20. I - 18. II)

Вторник, 05 Јануари 2010

Не дозволувајте вашата краткорочна финансиска нестабилност да ви ги помати долгорочните планови. Без разлика колку високи или ниски се вашите примања, морате да размислувате за финансиските цели што сакате да ги постигнете во иднина.

Одржете ја мотивацијата на високо ниво – размислувајте почесто за егзотични патувања или други начини на кои би ги искористиле заработените средства.

РИБИ

Риби (19. II - 20. III)

Вторник, 05 Јануари 2010

Вашата потреба да бидете различни и по малку контроверзни може да ја разниша хармонијата во вашите односи со најблиските. Често имате потреба да го имате последниот збор и да се спротивставувате на туѓите ставови.

Одвикнете се од навиката да им „солите памет" на другите околу вас.





Prebaruvanje
widgeo.net

Kalendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930






Forum Prijateli
  • Create your own site


  • Copyright MyCorp © 2024Create a free website with uCoz